Направено со
ТАРАТУРцеемес
none
ПЕТАР.КОТЕВСКИ.НЕТ
Новости и Настани
Содржини
Идеи и Коментари
Други Интереси
За Мене
Линкови





ВНИМАНИЕ: Написите и коментарите кои се изразени на овој сајт се лични и не претставуваат мислења на која било од компаниите за кои работам (или сум работел во минатото) или кои ги претставувам (или сум ги претставувал во минатото). Програмскиот код и инструкциите дадени на овој вебсајт се понудени онакви какви што се. Не сум одговорен за никаква штета која е резултат на користење на каков било код виден на овој сајт или следење на инструкции прочитани овде.

Ве молам користете го менито на левата страна за да вршите навигација низ сајтов Овие се најновите додатоци:
НАЈНОВО ВО НОВОСТИ ( Недела, 30 Јули 2006 )
Еве и Македонскиот дел од сајтов доби малку внимание- со гордост ви ја претставувам новата рубрика, која можете да ја одберете од менито на лево од овој текст (там, та-та-таааам) Содржини! Тоа е нешто како блог сега за сега, но планирам да содржи доста теми со тек на време. Што е форматот на рубриката?
Па, во неа сега има ЕДНА тема, но со тек на време ќе има повеќе. Тема е збир на написи кои идеално треба да бидат прочитани еден по еден, и секоја тема третира некоја проблематика - тоа е опишано во насловот на темата, како и во краткиот опис на темата што е даден под насловот. Следи листа на написи во темата. Сега за сега, единствената тема е "Програмирање во C++".

Одамна имав идеја да се обидам нешто да пишувам на тема програмирање, не дека мислам дека многу знам па демек ширам знаење. Не, муабетот е затоа што имам идеја за нова методологија на учење на програмирање. Ако сте заинтересирани за учење, или за методологијата и зошто таа е различна од класичната - одете и прочитајте.

Имам малку време пред да почнам да работам на моето ново работно место, па се надевам дека ќе ја истерам темава скоро до крајот. Ако се зафатите да учите, и сакате да стигнете до крајот на курсот - напишете ми email па ќе се обидам да пишувам повеќе на таа тема.

Хо-рук!

коментари (1)
НАЈНОВО ВО СОДРЖИНИ ( Недела, 30 Јули 2006 )
Тука дискутирам за улогата на работната меморија во компјутерот, како и за мотивацијата позади потребата таа меморија да биде организирана на некој начин. Ова претставува основа на каква било понатамошна дискусија за програмирање и ви препорачувам да ја прочитате, иако некои работи можеби ви се веќе познати.

коментари(1)
 
НАЈНОВО ВО ЛИНКОВИ
Македонски дневен весник. Навистина единственото нешто што го читам јас додека сум надвор од Македонија. Многу пати јас дознавам нешто пред моите пријатели во Македонија од овој сајт.