Направено со
ТАРАТУРцеемес
none
ПЕТАР.КОТЕВСКИ.НЕТ
Новости и Настани
Содржини
Идеи и Коментари
Други Интереси
За Мене
Линкови





ВНИМАНИЕ: Написите и коментарите кои се изразени на овој сајт се лични и не претставуваат мислења на која било од компаниите за кои работам (или сум работел во минатото) или кои ги претставувам (или сум ги претставувал во минатото). Програмскиот код и инструкциите дадени на овој вебсајт се понудени онакви какви што се. Не сум одговорен за никаква штета која е резултат на користење на каков било код виден на овој сајт или следење на инструкции прочитани овде.
Нова рубрика на сајтов!
Недела, 30 Јули 2006

Еве и Македонскиот дел од сајтов доби малку внимание- со гордост ви ја претставувам новата рубрика, која можете да ја одберете од менито на лево од овој текст (там, та-та-таааам) Содржини! Тоа е нешто како блог сега за сега, но планирам да содржи доста теми со тек на време. Што е форматот на рубриката?
Па, во неа сега има ЕДНА тема, но со тек на време ќе има повеќе. Тема е збир на написи кои идеално треба да бидат прочитани еден по еден, и секоја тема третира некоја проблематика - тоа е опишано во насловот на темата, како и во краткиот опис на темата што е даден под насловот. Следи листа на написи во темата. Сега за сега, единствената тема е "Програмирање во C++".

Одамна имав идеја да се обидам нешто да пишувам на тема програмирање, не дека мислам дека многу знам па демек ширам знаење. Не, муабетот е затоа што имам идеја за нова методологија на учење на програмирање. Ако сте заинтересирани за учење, или за методологијата и зошто таа е различна од класичната - одете и прочитајте.

Имам малку време пред да почнам да работам на моето ново работно место, па се надевам дека ќе ја истерам темава скоро до крајот. Ако се зафатите да учите, и сакате да стигнете до крајот на курсот - напишете ми email па ќе се обидам да пишувам повеќе на таа тема.

Хо-рук!
COMMENTS:
Posted by: Ïåòàð , on Ñðåäà, 26 Íîåìâðè 2008 (11:51:02 PM)
Òåñò çà áîò çàøòèòà.
YOUR COMMENT:

Име:
Email:
Коментар:

(Можете да ги користите сите HTML тагови. По дефаулт, никакво форматирање не се памети, ни нова линија)

 

Ова е reCaptcha загатка! Твојот одоговор ќе биде корисен за човештвото, и ќе ми го заштити сајтов од автоматизирани бот програми.

Внеси ги двата зборови од сликата: