Petar Kotevski personal page
Направено со
ТАРАТУРцеемес
none
ПЕТАР.КОТЕВСКИ.НЕТ
Новости и Настани
Содржини
Идеи и Коментари
Други Интереси
За Мене
Линкови





ВНИМАНИЕ: Написите и коментарите кои се изразени на овој сајт се лични и не претставуваат мислења на која било од компаниите за кои работам (или сум работел во минатото) или кои ги претставувам (или сум ги претставувал во минатото). Програмскиот код и инструкциите дадени на овој вебсајт се понудени онакви какви што се. Не сум одговорен за никаква штета која е резултат на користење на каков било код виден на овој сајт или следење на инструкции прочитани овде.

ПЕТАР КОТЕВСКИ

Дата на последна промена: Септември 2004

ПОЗНАВАЊА

 

n     Програмски јазици: C/C++, Јава, асемблер, разни скрипт јазици;  Поседувам академска обука во дизајн на парсери и компајлери, па би работал во секаков програмски јазик.

n     Технологии: Вештачка интелигенција, Win32, Direct3D, ActiveX, XML, разни пакети бази на податоци, ASP/html;

n     Софтверски пакети: Visual Studio .NET, 3DSMax, Adobe Photoshop, Quark Xpress.

n     Јазици: Одличен говорен и пишуван Англиски, добар пишуван Германски – добар говорен Германски, елементарен Шведски, мајчин Македонски, други словенски јазици со различно ниво на познавање.  

ОБРАЗОВАНИЕ

 

1993–1999 ,Универзитет "св.Кирил и Методиј", Скопје-Македонија

Дипл.инг.

n     Компјутерска технологија, информатика и автоматика (9 семестри)

n     Дипломска работа: “Content based data mining in multimedia video databases”. Имплементирав програм кој одговара на визуелни прашалници од Oracle база на податоци популирана со видео записи.  

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО

 

Јуни 2001- Август 2004
Crytek Studios, Кобург-Германија

Технички продуцент (Неименуван проект потпишан со ЕА)

n     Координирав тим од дизајнери и 5 програмери низ концепт и прототип фазата на развивање на проектот.

n     Дезајнирав базичен сет на правила во играта што овозможуваа emergent gameplay, додека во исто време се раскажува и интересна позадинска приказна.

n     Напишав синопсис за приказната во играта и придонесов кон визуелниот изглед на играта.

 

Главен програмер (Far Cry потишано со UBI Soft)

n     Дизајнирав и имплементирав целосен систем за контрола на карактери со Вештачка интелигенција кој е интегрален парт на CryEngine™. Можностите на системот вклучуваат: комплетен скрипт кориснички интерфејс, однесување водено од околината во која агентот се наоѓа, тимска непријателска интелигенција, цврста изолација на системот, реакции базирани врз сетила (не скриптирано). Координирав тим од 3 члена во вклопување на системот во играта “Far Cry”.

n     Координирав тим од 4 члена за развивање на играта “Far Cry” – тактичка игра базирана на не-скриптирана Вештачка интелигенција (издадена Март 2004 од Ubisoft). Имплементирав голем дел од кодот на играта. Бев одговорен за имплементација на критични аспекти на играта.

n     Вршев ревизија на мисиите и нивоата во стил на главната идеја позади “Far Cry” – отворени и не-скриптирани околини за максимум слобода на играчот. Бев лично одговорен за преглед на мисијата пред таа да биде прогласена за завршена.

n     Преговарав за својствата на играта и систематски дизајн со издавачот “UBI Soft” за време на развивањето на проектот

n     Ја презентирав “Far Cry” на различна публика: издавачи, новинари, инвеститори; Ја презентирав играта на сите поголеми светски саеми: на пример, E3 во Лос Ангелес, USA in 2002, 2003.  

 

 

Септември 2000 – Јуни 2001
Unique Development Studios, Гетеборг-Шведска

Програмер

n     Еден од 4-те членови на тим кој креираше тродимензионални игри за рекламирање производи (AddGames). Ја развив играта “Bees” и локализирав одреден број на игри за странски пазари.

n     Главен програмер на мултиплејер тимот кој изведе систем за симултано играње од повеќе различни платформи, како Јава клиенти, мобилни телефони и Дигитална телевизија. Во системот изработив 3 помали игри.

n     Имплементирав сервер кој може да комуницира со сите платформи– мобилни телефони, Јава клиенти, Дигитална телевизија – за 10 000 конекции.  

 

Декември 1999- Септември 2000,
Seavus International,  Скопје, Македонија

Програмер

n     Член на тим кој беше одговорен за развивање на Multi3D, визуелизациска алатка базирана на web која користи 3D рендирање.

n     Имплементирав функционалност за Multi3D рендеринг engine-от.

n     Развив алгоритми за компресија за пренесување на геометрија преку интернет.  

 

ПРОФЕСИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ

 

ПРОГРАМИРАЊЕ: Систематичен и модуларен дизајн и имплементација на системи; Мемориска ефикасност; ВИ што реагира на директен стимулус;
ДИЗАЈН: Систематички дизајн на игри; Постојани светови; Длабочина на игривост и лесен интерфејс.
ПРОДУКЦИЈА: Lean software development: (http://www.agilealliance.org/articles/searchResults?topic=Lean+Development); Минимизирање на времето од концепт до потполна имплементација; 
   

ДРУГИ ИНТЕРЕСИ

 

Фудбал, кошарка, музика, јазици, светска историја.

 

Испратете e-mail за да добиете примери од мојата работа.


ЗА МЕНЕ