Направено со
ТАРАТУРцеемес
none
ПЕТАР.КОТЕВСКИ.НЕТ
Новости и Настани
Содржини
Идеи и Коментари
Други Интереси
За Мене
Линкови





ВНИМАНИЕ: Написите и коментарите кои се изразени на овој сајт се лични и не претставуваат мислења на која било од компаниите за кои работам (или сум работел во минатото) или кои ги претставувам (или сум ги претставувал во минатото). Програмскиот код и инструкциите дадени на овој вебсајт се понудени онакви какви што се. Не сум одговорен за никаква штета која е резултат на користење на каков било код виден на овој сајт или следење на инструкции прочитани овде.
НОВОСТИ
Нова рубрика на сајтов!
Недела, 30 Јули 2006

Еве и Македонскиот дел од сајтов доби малку внимание- со гордост ви ја претставувам новата рубрика, која можете да ја одберете од менито на лево од овој текст (там, та-та-таааам) Содржини! Тоа е нешто како блог сега за сега, но планирам да содржи доста теми со тек на време. Што е форматот на рубриката?
Па, во неа сега има ЕДНА тема, но со тек на време ќе има повеќе. Тема е збир на написи кои идеално треба да бидат прочитани еден по еден, и секоја тема третира некоја проблематика - тоа е опишано во насловот на темата, како и во краткиот опис на темата што е даден под насловот. Следи листа на написи во темата. Сега за сега, единствената тема е "Програмирање во C++".

Одамна имав идеја да се обидам нешто да пишувам на тема програмирање, не дека мислам дека многу знам па демек ширам знаење. Не, муабетот е затоа што имам идеја за нова методологија на учење на програмирање. Ако сте заинтересирани за учење, или за методологијата и зошто таа е различна од класичната - одете и прочитајте.

Имам малку време пред да почнам да работам на моето ново работно место, па се надевам дека ќе ја истерам темава скоро до крајот. Ако се зафатите да учите, и сакате да стигнете до крајот на курсот - напишете ми email па ќе се обидам да пишувам повеќе на таа тема.

Хо-рук!
коментари (1)
Конструктивна КРИТИКА!
Недела, 28 Јули 2013

Ова е тоа што навистина ни треба! Кога велам мислам се разбира Македонија како земја и како нација. Малку искрена и добронамерна критика. Огромно благодарам на он.нет што ми го сврти вниманието кон овој напис во New York Times.

Нашиот надарен пијанист Симон Трпчевски ете гостувал во New York, па написот е краток осврт на еден критичар кон изведбата на Трпчевски. Иако он.нет го објави линкот до оригиналниот напис, и мајтапски линкот до еден доста збунет превод од него во Утрински Весник, не успеав да најдам добар превод на написот. Па еве го тука:

Македонскиот пијанист Симон Трпчевски го оствари своето Филхармониско деби во втората половина на програмата. Господин Трпчевски се најави себеси како еден вид Руски специјалист со тоа што ги посвети своите први два компакт-дискови (објавени од EMI Classics) целосно на Руски репертоар. Во Четвртокот вечерта, тој со леснотија помина низ извонредно тешкиот Трет Кончерто на Рахмањинов со доволно техника, но недоволно музикалност. Неговиот звук беше богат и исполнет, и треба да се каже дека неговата подвижна и вешта изведба одушеви голем број од присутните, но овој слушател слушна повеќе дрва одколку шума. Потребна беше разновидност во фразирањето и пополно чувство за музичката архитектура што, на крајот од краевите, и самиот Рахмањинов ги оцени еднакво важни како сите тие ноти.

Е кога ќе прочитам нешто вакво во македонски весник? Човеков е доволно професионален и не можам да замислам како некој може да го сфати овој напис како нешто друго а не искрена критика на изведбата на Трпчевски. Да сум Симон Трпчевски, лично ќе му се заблагодарам на човеков што ќе ми овозможи да си ја подобрам изведбата. Коментаров е толку информативен и добро формулиран, што дури јас—што не бев на концертот—можам да замислам што бил проблемот во изведбата.

Во македонија не постои критика—поготово за уметноста. Се сеќавам кога еднаш бев присутен на испит на еден дечко во ФМУ (Факултет за Музичка уметност). Дечкото свиреше виолина, и целата програма беше изведена доста матно, со доста лош тоналитет и мене, како слушател—ми беше доста тешко да ја следам музичката тема на делата (музичката архитектура). На крајот, очекував искрена дискусија помеѓу професорите и музичарот, во најмала рака некој искрен коментар. Еден од професорите рече— добро, малку ја замачка работата, ама битно е дека пасажите ти излегоа добри!. И толку.

А музиката? Симон, читај и продолжи да работиш како досега. Ваква критика ќе те направи пијанист каков што заслужуваш да станеш. И на крајот, ние сите ќе се гордееме со тебе уште повеќе.
Како (не) до сериозна издавачка дејност?
Петок, 8 Јули 2005

Нема лек за незрелост. Добро, во суштина има-  зрелост, ама за несреќа на незрелите, таа не може да се земе во облик на апче, инјекција или инфузија. Неа мора да си ја почекате.

А ако немате стрпливост за тоа, тогаш ќе се резилите како дечково (надежен лектор) што објави цели 12 грешки на Македонскиот превод на "The Hitchikers' Guide to the Galaxy" од Douglas Adams. Грешките се фактички- никој не може да порекне дека постојат, и некои од нив се печатни грешки, а некои се навистина смешни бидејќи се резултат на недоволното познавање на материјата која преведувачката се зафатила да ја преведува.

Е сега, она што не го знае нашиов пријател е дека ова е нормална работа во издавачка дејност - грешки! Затоа постои второ издание, трето издание итн. Повеќето од корекциите и додатоците во понатамошните изданија се директен резултат на предлози и забелешки дадени од- кој друг ако не - читачката публика!
 
И додека дечкото се туфка како ние Македонците сме биле генетски заебани, па засеруваме се што ќе ни падне под рака, не застанува и да си го анализира сопствениот генетски склоп: за квалитетна издавачка дејност потребни се добри читатели.

Само ние знаеме да се посереме врз секаков обид да ни заздрави нацијата од самоомраза. Лекции за правилна употреба на Македонскиот јазик во превод држат секакви дунстери што не знаат да се изразат подобро од "Алфа факинг Кентавр" или "Уот?" (ако сте збунети, уот е македонска ономатопеја на звукот што го произведува Англичанец што вели "what").

Ако сакате да прочитате како едно незрело дете се обидува да изгледа интелигентно, еве го линкот http://www.on.net.mk/razno/avtostoperska_sramota.doc

Прочитајте и размислете. Јас ја прочитав оваа книга прво на српски, па на англиски. Во секој случај би сакал мојот мал син да ја прочита на Македонски - слушам третото издание било подобро од српскиот превод.
Добар совет за збунети Македонци
Недела, 3 Јули 2005

Иако на Бранко Геровски од Дневник текстовите му се малку на принцип “hit or miss” (ајде во превод значи некогаш му се годат а некогаш баш и не), ми изгледа дека овој пат добил вистинска инспирација. Нема подобра мотивација од неможноста да толерирате нешто понатаму. Тоа е всушност зошто и јас решив да ја освежам страницава.

Хмм, мора да има некое чаре да не го користиме зборот освежам во овој контекст (мислам ние Македонците). Некако ми звучи комплетно погрешно.

Читам премногу на англиски. Што немаше ни да морам ако имавме некоја продукција на книги во Македонија. Што да ви речам, некогаш и мене ми се смачува од Петре М. Андреевски (иако ете во моментов не можам да се сетам на ниедно негово дело).

 

Еве го линкот до брилијатниот саботник на Бранко Геровски: http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2800&stID=58105

Прочитајте го и размислете. Човекот е во право – никој не може да те научи или натера да бидеш подобар човек. Тоа мораш и можеш само сам.

Конечно, нешто ново на сајтов!
Четврток, 26 Мај 2005

Тешко било да се одржува сајт, поготово ако мораш да работиш 12 саати дневно.

Еве еден комплетно безвезен линк:  http://www.on.net.mk/audio/bivi_king_sou_g.mp3

 

Ако ја добиете интересната страна што ве известува дека пристапот до тој фајл е само за корисници од Македонија, тогаш тоа е недвосмислен доказ дека се наоѓате надвор од Македонија, и како последица од тоа, по логиката на Трендо, сте привилегирани. Да се чудиш на Македонскиот ум – тој е единствената космичка константа - по тоа што е убеден дека кој излегол од Македонија се спасил. Еве јас лично се радувам што ете има нешто по што и тие јадници што останале во Македонија ќе можат да се чувствуваат привилегирани. Да се скини чоек од смеење. Тоа е инаку најновиот тренд во македонското блогирање и политичко новинарство – дијалектизам. Како да е некакво „достигнуче„ дека некој бил од Битола или од Скопје.

 

Овде е добро место да престанам да пишувам, очигледно сум во екстремен мизантроп мод.

Конечно и Македонскиот дел функционира!
Недела, 16 Јануари 2005


Конечно, после неколку дена внимателно копирање и тестирање, пред вас е Македонскиот дел од овој сајт. Работи над истата база на корисници, но има посебни табели во базата за написи, новости и линкови на Македонски јазик. Како и Англиската страна, и овој дел од сајтов го освежувам само јас (сега за сега, се надевам). 
Можеби се прашувате што ќе има на овој сајт? Тоа е добро прашање, и ако дојдете на овој сајт пак наскоро, можеби и ќе го пронајдете одговорот на него! Но сериозно, има некои работи за кои треба да се пишува, а кои не биле досега напишани. 
Македонија е начелно едно супер место, само му фали малку искреност и самокритика. Па од каде подобро би дошло малку критика освен од мене? Ајде да видиме. Од техничка страна, и Македонскиот дел од сајтот подржува коментари па ајде - искористете ги!