Направено со
ТАРАТУРцеемес
none
ПЕТАР.КОТЕВСКИ.НЕТ
Новости и Настани
Содржини
Идеи и Коментари
Други Интереси
За Мене
Линкови





ВНИМАНИЕ: Написите и коментарите кои се изразени на овој сајт се лични и не претставуваат мислења на која било од компаниите за кои работам (или сум работел во минатото) или кои ги претставувам (или сум ги претставувал во минатото). Програмскиот код и инструкциите дадени на овој вебсајт се понудени онакви какви што се. Не сум одговорен за никаква штета која е резултат на користење на каков било код виден на овој сајт или следење на инструкции прочитани овде.

Уводник

Работејќи во индустријата за компјутерски игри, многу млади (и постари) луѓе ме прашале како да научат да програмираат во некој програмски јазик. Мојот одговор го имам искристализирано после многубројните прилики за негова употреба: Земи добра книга и одработи ги вежбите во неа. Кога ќе ја дочиташ, задај си сам на себе задача нешто да испрограмираш. Кога ќе ја завршиш задачата успешно, тогаш веќе си станал програмер...
Се разбира, следно прашање било одсекогаш: Која книга? Порано секогаш велев дека тоа не е битно, но откако увидев дека многу мал процент од луѓето на кои им дадов таков совет успеаа да научат да програмираат - видов грешка во моето размислување. Се заинтересирав за книгите кои можат денес да се набават, а кои гарантираат дека ќе го научат читателот да програмира ( за една недела, за 21 ден, преку примери, итн) и увидов еден интересен феномен - материјалот во нив беше скоро секогаш претставен на погрешен начин.

Сите овие книги започнуваат со тривијални работи, како на пример фамозната "Hello World" програма, па зборуваат за типови (integer, float, char), па основни аритметички оператори итн. Тоа е лесно за почеток и почетниците добиваат надеж дека ќе можат да научат - бидејќи нели можат да напишат програма што ќе ги испечати сите прости броеви помали од 50. Но, тоа е лажна надеж - порано или подоцна, овие книги ќе стигнат до „потешките„ теми, и тука полека ги губат своите читатели.
На пример, еден мој пријател (не премногу технички надарен) сакаше да научи да програмира во
C++. Еден ден кога ме виде, триумфантно ме информира дека купил некоја книга која ќе го научи да програмира за 21 ден, и дека ѕирнал во првите неколку поглавија и се` одело супер. Кога го информирав за мојот ограничен оптимизам за тој да успее во тоа - ми се налути! Зарем јас мислам дека тој не е доволно интелигентен да научи?
Се разбира, тоа не беше причината. За да му ја докажам мојата поента, му претскажав (без да знам која книга беше во прашање) дека нема да стигне подалеку од осмата лекција (од вкупно 21). Тој замина налутен и решен да докаже дека грешам.
По некое време се сретнавме пак и расправијата беше одамна изветреана. Сепак, јас решив да бидам упорен и да го прашам како му оди со книгата. Тој само се насмевна и ми призна дека се откажал. Кога книгата го смена пријателскиот тон со кој опишуваше собирање и одземање на променливи и печатење текст на екранот со шпанското село наречено поинтери, мојот пријател нагло изгуби интерес. Дали тоа се случило на осмата или некоја друга лекција - остана мистерија.

А јас се сеќавам на тој страшен збор - поинтер (покажувач) - уште од средно и од факултетските денови. Кај колегите кои не пораснаа греени од пријатниот зрак на радијација од компјутерскиот монитор (како мене), поинтери и се што произлегуваше од нив беа нешто апстрактно и тешко за разбирање. Со тек на време и преку анализа на повеќе програмерски прирачници и учебници, дојдов до заклучок дека проблемот не е во ученикот - туку во методологијата на учителот.

Затоа, во оваа серија написи за програмирање во програмскиот јазик C++ ќе претставам една нова методологија за која немам апсолутно никаков доказ дека функионира. Не сум професионален наставник, не сум ни посебно добар писател на техничка литература, но мислам дека имам добра идеја за што треба да се научи прво и целосно - гледајќи од перспектива на човек кој програмира професионално (за плата). Ако се зафатите да ја следите оваа програма и постигнете некои резултати - би сакал да дознаам за тоа - па испратете ми email. Ако не постигнете резултати не сум толку многу заинтересиран, но контактирајте ме во секој случај.

Како е различна оваа методологија од класичните? Па, за почеток - јас верувам дека концептот на мемориска адреса и концептот на објект што постои на таа адреса се базични концепти во програмирањето. Нема да дискутирам тривијални работи како на пример аритметика - ајде сите заедно да се договириме уште сега дека аксиоматски ќе претпоставиме дека секој програмски јазик мора да може некако да собере и одземе два броја - дури и да ги помножи и подели. И толку за тоа. Ќе се концентрираме на поважни работи, а кога ќе ни треба да собереме два броја, ќе го ставиме само знакот плус меѓу нив.
Не е потребно никакво предзнаење за да ја користите оваа методологија. Јас верувам дека секој може да научи да програмира, иако надареност во математика ќе ви ја олесни работата. Но не е потребна - само малку упорност и здрава доза на ентузијазам.

Толку за увод. Ако никогаш не сте се обиделе да научите да програмирате во C++, време е - читајте понатаму во оваа серија написи. Ако сте се обиделе и не сте успеале, обидете се уште овој пат.

 

КОМЕНТАРИ:
Коментар од Ïåòàð , на Ñàáîòà, 29 £óëè 2006 (6:25:34 PM)
Òåñò çà êîìåíòàðè òóêà

Име:
Email:
Коментар:

(Можете да ги користите сите HTML тагови. По дефаулт, никакво форматирање не се памети, ни нова линија.)

 

Ова е reCaptcha загатка! Твојот одоговор ќе биде корисен за човештвото, и ќе ми го заштити сајтов од автоматизирани бот програми.

Внеси ги двата зборови од сликата:

НАЗАД КОН ЛИСТАТА ОД НАПИСИ